| Тежина | 25 кг |
|---|
Фасаден малтер 1,5 mm мазен Cool 25kg
1,610.00ден
Cool АКРИЛЕН ФАСАДЕН МАЛТЕР (мазен 1,5mm) е декоративен малтер во тестеста состојба кој е направен на база на висококвалитетна акрилна емулзија, специјални адитиви, пигменти и минерални полнила. Наменет е за заштита и декорација на фасадни ѕидни површини. Се карактеризира со добра адхезија на површината, исклучителна обработливост, висока јачина и водоотпорност. Отпорен е на атмосферски влијанија и УВ зрачење.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Подлогата на која се нанесува COOL фасадниот малтер мора да биде цврста, сува, без слабо врзани делови, мрсни дамки, соли растворливи во вода и други нечистотии кои можат негативно да влијаат на лепењето на малтерот на подлогата. Соодветни подлоги се сите површини изработени од вар, цемент и цементно-варовни малтери (стари најмалку 28 дена), завршни слоеви на системи за топлинска изолација (стари најмалку 7 дена), бетонски површини (стари најмалку 28 дена). Фасадниот малтер се нанесува на температура од +20°C и релативна влажност од 60%. Пониската температура како и поголемата релативна влажност на воздухот го продолжуваат времето на сушење на малтерот.
УПАТСТВА ЗА РАБОТА:
Пред употреба COOL фасадниот малтер потребно е добро да се измеша со рачен електричен миксер, а потоа доколку е потребно да се разреди со мала количина вода (околу 1%). Пред употреба задолжително е да се провери нијансата, а потоа да се подготви одредена количина малтер што е адекватна за површината на фасадата на која се работи. Cool фасаден малтер се нанесува со челична, не’рѓосувачка мистрија во дебелина на најкрупното зрно. Неколку минути по нанесувањето, започнете со обработка на фасадниот малтер со пластична мистрија. COOL фасадниот малтер се суши на допир по 6 часа. По 24 часа фасадниот малтер е целосно сув и се постигнува отпорност на врнежи. Алатот по употреба веднаш да се измие со вода.
РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА
Оптималната работна температура е од +10 до +30°C. Не работете на директна сончева светлина, магла, ветер и дожд
ОДРЖУВАЊЕ:
COOL фасадниот малтер не бара посебно одржување. Се препорачува периодично да се брише површината за да се отстрани прашината. Нечистотијата може да се отстрани со топла вода и детергент. После тоа, исплакнете ја површината со млаз вода. Не користете абразивни средства за чистење.
ПАКУВАЊЕ
25 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC.








Критики
Нема критики сеуште.