| Тежина | 25 кг |
|---|
Лепак за плочки – 016 25kg Cool
610.00ден
Cool 016 лепилото за керамички плочки е еластично лепило базирано на хидраулични врзива, синтетички полимери, специјални адитиви и специјално избрани полнила. Наменет е за надворешна и внатрешна употреба, за лепење плочка на плочка, за лепење керамика на цврсти, ѕидни, подни и фасадни површини (од малтер на база на цемент, вар и бетон).
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината на која се поставени керамичките плочки мора да биде цврста, сува, чиста, незамрзната, без маснотии. Нерамните површини мора да се поправат. За абсорбентни подлоги пред нанесувањето на лепилото, површините мора да се премачкаат со COOL акрилна подлога. Импрегнацијата COOL NC 016 се користи за реновирање на стари бањи или плочка врз плочка.
Подготовка на масата: Измешајте ја содржината од 25kg со околу 7 l вода рачно или со електричен миксер, додека масата не стане хомогена, без грутки. Додадете го прашокот полека со постојано мешање. Оставете ја смесата да отстои 10 минути и повторно интензивно измешајте и по потреба додадете вода до соодветната конзистентност на лепилото. Подготвената смеса за лепак треба да се користи во рок од 2-3 часа.
ПОТРОШУВАЧКА
2,5-4,0 kg/m2 (зависи од квалитетот на подлогата, плочките, техниката и дебелината на облогата).
ПАКУВАЊЕ
25 kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
Да се чува 12 месеци во оригинално, добро затворено и неоштетено пакување на температура од +5ºC до +25ºC.








Критики
Нема критики сеуште.