Контакт телефон: +389 2 306 7171, +389 71 298 247 | емаил: info@sicer.mk | Бесплатна испорака на нарачки над 2000 денари

Голд лазура со восок 0,75L Cool

310.00ден

ГОЛД ЛАЗУРА Cool е еднокомпонентен транспарентен премаз на база на висококвалитетни алкидни сврзувачи, специјални восоци, UV апсорбери, разредувачи, биоцидни средства и адитиви. Cool Gold лазура го штити дрвото од влијанието на временските услови, го бои декоративно и ја подобрува неговата површина. Му дава природен изглед и ја остава видлива неговата структура. Се користи за заштита на сите видови дрво во ентериер и екстериер. Трајноста на премазот зависи од видот на дрвото и од изложеноста на временски услови.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Голд лазурата се нанесува со четка, сунѓер, натопување или прскање на дрвена површина која треба да биде чиста, сува и добро избрусена – во 1-2 слоја за внатрешна употреба, односно 2-3 слоја за надворешна заштита. Следниот слој се нанесува по 12 часа. За разредување и миење на алатот користете Cool маслен разредувач. Лазурата се разредува до 10% пред нанесување.

ПОТРОШУВАЧКА
10–12 m²/l во еден слој.

ПАКУВАЊЕ
0.75 l и 2.5 l

РОК НА УПОТРЕБА И НАЧИН НА ЧУВАЊЕ
36 месеци од датумот означен на амбалажата. Чувајте во оригинално, добро затворено и неоштетено фабричко пакување на температура од +5ºC до +25ºC.

НИЈАНСИ
Безбојна, бор, тика, орев, сина, махагони, даб, палисандер, костен, црвена, абонос, бела, зелена

SKU: Не е достапно Категории , Ознака:
Тежина Не е достапно
БОЈА

1.БЕЗБОЈНА, 2.БОР, 3.ТИКА, 4.ОРЕВ, 5.СИНА, 7.МАХАГОНИ, 8.ДАБ, 9.ПАЛИСАНДЕР, 10.КОСТЕН, 11.ЦРВЕНА, 12.АБОНОС, 13.БЕЛА, 14.ЗЕЛЕНА

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Голд лазура со восок 0,75L Cool”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *