| Тежина | 0.65 кг |
|---|
Акрилна основна боја за метал сива 0,65L Cool
320.00ден
АКРИЛНА ОСНОВНА БОЈА ЗА МЕТАЛ Cool се користи на железни и челични површини за заштита од корозија, во затворени простории и на отворен простор. Изработена е на база на акрилна дисперзија, пигменти, специјални антикорозивни пигменти и пополнувачи. Еколошки производ, без непријатни мириси, брзо се суши.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината на која се нанесува мора да биде сува, чиста и без маснотии. Рѓата треба да се отстрани механички со користење на жичана четка, а маснотиите и другите нечистотии да се отстранат со нитро разредувач.
Бојата се нанесува со четка, валјак или прскање во два слоја. Пред употреба, бојата треба да се разреди со 5-10% вода за воздушно прскање, а за четка и валјак разредете по потреба. Другиот слој на бојата се нанесува по 4-6 часа. По употребата, алатот треба веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
8–10 m²/l во еден слој
ПАКУВАЊЕ
0.65 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци од датумот печатен на амбалажата. Чувајте го во оригинал, добро затворено и неоштетено фабричко пакување на температура од +5ºC до +25ºC.








Критики
Нема критики сеуште.