| Тежина | 1 кг |
|---|---|
| БОЈА | 2.СРЕБРЕНА, 3.ЗЛАТНА, 4.БРОНЗА, 5.АНТРАЦИТ |
Нова арт прајмер за декоративна боја 1л. Cool
490.00ден
Cool NOVA ART ПРАЈМЕР е подлога изработена на база на висококвалитетна акрилна емулзија наменета за израмнување, неутрализирање и подобрување на прилепувањето на внатрешни декоративни бои. Благодарение на фината распределба на честичките се добива благо релјефна површина врз која лесно се нанесуваат декоративни премази. Тоа е еколошки дисперзивен, високопокривен премаз со одлична паропропустливост.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината треба да биде сува, цврста, чиста и без слабо врзани делови од прашина, водорастворливи соли и други нечистотии. Старата боја која не е добро врзана треба механички да се отстрани. Нерамните површини да се израмнат со COOL глет маса. Пред бојадисување, ѕидовите да се импрегнираат со соодветна COOL АКРИЛНА ПОДЛОГА. Нанесувањето на COOL NOVA ART PRAJMER да се врши со четка, валјак со кратко влакно или уред за прскање во два слоја (COOL NOVA ART PRAJMER да се разреди со вода до 10%).
Вториот слој да се нанесе по 6 часа на претходно исушениот премаз.
Алатот по употреба веднаш да се измие со вода.
Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C.
ПОТРОШУВАЧКА
4-6 m²/l во два слоја, во зависност од подготовката на површината, техниката и начините на нанесување.
ПАКУВАЊЕ
1 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци од датумот печатен на амбалажата. Чувајте во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитено од директна сончева светлина.







Критики
Нема критики сеуште.