| ПАКУВАЊЕ | A 1L+B 1L, A 2,5L+B 2,5L |
|---|
Лак за паркет ПУ А+Б 1L/2,5L Cool Professional
1,250.00ден – 2,940.00денPrice range: 1,250.00ден through 2,940.00ден
Cool 2K ПОЛИУРЕТАНСКИ ЛАК ЗА ПАРКЕТ полиуретански двокомпонентен лак се користи за лакирање на паркет, бродски под, лајсни, дрвени скали и слични дрвени површини и елементи во ентериерот кои се изложени на специфични услови на експлоатација и оптеретување. Дава одлична површинска цврстина, долготрајна заштита, отпорен е на абразија, вода и средства за чистење.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината која се лакира треба да биде избрусена, сува, без маснотии, восок и прашина. Компонентите се мешаат во однос A:B=1:1 непосредно пред употреба. Подготвената смеса треба да се искористи во рок од 6-8 часа.
2K PU лак за паркет се нанесува во системот полиуретански 2K прајмер за лак за паркет со меѓуслојно стругање, брусење и чистење.
За меѓуслојно брусење се користи брусна хартија No120-150. Сушењето на првиот слој трае 24 часа, по што е неопходно да се пребруси површината со фина брусна хартија, да се исчисти и да се нанесе следниот слој на лак. Завршниот слој на лакот се суши целосно по 72 часа на 20°C, кога се препорачува користење на просторијата. Алатот по употреба треба да се измие со Cool нитро разредувач.
ПОТРОШУВАЧКА
80-100 g/m²
ПАКУВАЊЕ
1+1 l, 2.5+2.5 l, 20+20 l
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци од датумот означен на амбалажата. Да се чува во оригинална, добро затворена и неоштетена фабричка амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC.
Поврзани продукти
-
Лак за чамци 0,75L/ 2,5L, 25L Cool Professional
Бои и лакови 225.00ден – 5,530.00денPrice range: 225.00ден through 5,530.00денОценето 0 од 5







Критики
Нема критики сеуште.