Брусниот сунѓер е практична алатка за рачно брусење на дрво, метал, гипс и пластика. Идеален е за обликување и обработка на агли, рабови и заоблени површини бидејќи рамномерно го распоредува притисокот, лесно се прилагодува на формата и може да се мие и користи повеќекратно.
Карактеристики и гранулација
Се избираат според гранулацијата (абразивноста) која е означена со буквата P:
- Груби (P60 – P80): За отстранување на стари бои, лакови и грубо стругање.
- Средни (P100 – P150): За порамнување и подготовка на површината.
- Фини (P180 – P220): За завршно брусење пред фарбање или лакирање.






Критики
Нема критики сеуште.