| ПАКУВАЊЕ | 5kg, 8kg, 25kg |
|---|
Боја за внатрешни ѕидови Cool-POL 5kg/ 8kg/ 25kg
Price range: 310.00ден through 950.00ден
Cool POL е еколошка боја за внатрешни ѕидни површини. Наменета е за декоративна заштита на внатрешни ѕидни површини и тавани. Се одликува со извонредна белина, висока покривност и паропропусност. Отпорна е на суво бришење. Cool POL е погодна за сите видови минерални, суви и тврд подлоги, модификувани цементни површини и гипс-картонски плочи, за ѕидови веќе обоени со дисперзии. Cool POL може да се нијансира со Cool концентрат тонери за добивање пастелни нијанси.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Пред нанесување COOL POL од старите, оштетени површини треба да се отстрани цела прашина, масти, водорастворливи соли, слабо врзани делови и други елементи кои се распаѓаат и паѓаат (механички на суво или со перење). Сите нерамнини и пукнатини треба да се поправат со соодветен материјал. Пред боење, ѕидовите треба да се импрегнираат со COOL подлога во зависност од состојбата на површината. По потреба, нанесете COOL прашкаста глет маса во два слоја, ако сакате подобар изглед на завршниот сув филм на бојата. Новите ѕидови мора да бидат целосно суви и без прашина. COOL POL се нанесува со четка, ваљак или прскање, најчесто во два слоја. По потреба, разредете ја бојата со вода од 15-20%. Пред разредување добро измешајте ја содржината на каната. Вториот слој нанесете го најмалку 6 часа по сушење на првиот слој. Потребната нијанса се добива со мешање на COOL POL и COOL концентрат тонери (пастелни нијанси). По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
5-6 m 2/kg во еден слој
ПАКУВАЊЕ
5kg,8kg и 25kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци – чување во оригинална, добро затворена и неоштетена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитена од директна сончева светлина и мраз.








Критики
Нема критики сеуште.