| Тежина | 22 кг |
|---|
Боја за внатрешни ѕидови Cool-ECO 22kg
750.00ден
Cool ECO – еколошка боја за внатрешни ѕидни површини. Наменета е за декоративна заштита на внатрешни ѕидни површини и плафони. Отпорна на суво бришење, висока покривност и белина. Погодна е за сите видови минерални, суви и тврди подлоги, модифицирани цементни површини и гипс-картонотски плочи, за ѕидови веќе обоени со дисперзивни бои. Cool ECO може да се нијансира со Cool концентрат тонери за добивање на пастелни нијанси.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Пред нанесување COOL ECO од старите, оштетени површини треба да се отстрани цела прашина, масти, водорастворливи соли, слабо врзани делови и други елементи кои се распаѓаат и паѓаат (механички на суво или со перење). Сите нерамнини и пукнатини треба да се поправат со соодветен материјал. Пред боење, ѕидовите треба да се импрегнираат со COOL подлога во зависност од состојбата на површината. По потреба, нанесете COOL прашкаста глет маса во два слоја, ако сакате подобар изглед на завршниот сув филм на бојата. Новите ѕидови мора да бидат целосно суви и без прашина. COOL ECO се нанесува со четка, ваљак или прскање, најчесто во два слоја. По потреба, разредете ја бојата со вода од 15-20%. Пред разредување добро измешајте ја содржината на каната. Вториот слој нанесете го најмалку 6 часа по сушење на првиот слој. Потребната нијанса се добива со мешање на COOL ECO и COOL концентрат тонери (пастелни нијанси). По употреба, алатот веднаш да се измие со вода.
ПОТРОШУВАЧКА
5-6 m 2/kg во еден слој
ПАКУВАЊЕ
5kg,8kg и 25kg
РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци – чување во оригинална, добро затворена и неоштетена амбалажа при температура од +5ºC до +25ºC, заштитена од директна сончева светлина и мраз.








Критики
Нема критики сеуште.