Контакт телефон: +389 2 306 7171, +389 71 298 247 | емаил: info@sicer.mk | Бесплатна испорака на нарачки над 2000 денари

Глет маса 25kg Cool

420.00ден

Cool ГЛЕТ МАСА – прашкаст малтер на база на вар е еднокомпонентна маса која се користи за фино израмнување на ѕидови и тавани во внатрешноста. Изработен е од полимерни врзива, полнила, згуснувачи и соодветни адитиви. Се применува механички и рачно. Рачно нанесување се врши со не’рѓосувачка метална мистрија во два слоја, со дебелина до 4 mm, на сите видови малтер, бетон и гипс картон, како и на веќе обоени ѕидови. Бело е, лесно се нанесува, паропропустливо, лесно се бруси и е идеална основа за сите видови финални премази на база на вода.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Површината мора да биде сува, чиста, цврста, без прашина и други елементи кои се одронуваат и паѓаат. Старите премази мора да се отстранат. Cool ГЛЕТ МАСА се подготвува со мешање на приближно 8,75 l вода и 25 kg прашок, рачно или со електричен миксер. Така подготвената маса се нанесува по 10 мин. Подготвената смеса задолжително добро измешајте ја пред употреба. Подготвената маса се нанесува со нерѓосувачка мистрија во тенок слој со дебелина од 1-2 мм. По потреба се нанесува во два слоја. Се суши на допир 4-6 часа, спремно за брусење по 12 часа. По сушењето, избрусете ја масата со фина шмиргла. Алатот по употреба веднаш да се измие со вода. Оптимална работна температура +5C до +30C. Не смее да се користи под +5 oC.

ПОТРОШУВАЧКА
1,0-1,5 kg/m² во еден слој.

ПАКУВАЊЕ
25kg

РОК НА УПОТРЕБА И СКЛАДИРАЊЕ
Да се ​​чува 12 месеци во оригинално, добро затворено и неоштетено пакување на температура од +5ºC до +25ºC.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Глет маса 25kg Cool”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *